Или легален софтвер или 5.000 евра казна

Доколку инспекцијата утврди дека во некоја компанија се користи нелиценциран софтвер, тогаш фирмата ќе се соочи со црно сценарио – запленети компјутери, парични казни и кривична пријава
Деновиве се актуелни инспекциите кои проверуваат дали компаниите користат нелиценциран софтвер за потребите на своите бизниси. Казните со кои се соочуваат се далеку од симболични – запленети компјутери, парични казни од 500 до 5.000 евра и кривична пријава.
60%од софтверот што го користат компаниите во Македонија е пиратски
Пиратеријата во Македонија воопшто не претставува табу тема, неа ја користат од поединци до компании, без разлика на нивната големина. Мите Костов, претседателот на Координативното тело за интелектуалната сопственост и заменик-претседател на Државниот завод за индустриска сопственост, институција која го спроведува инспекцискиот надзор, вели дека дури и кај поголемите компании има случаи каде што се користи нелегален софтвер, иако тоа е почесто случај за помалите компании, кои преку пиратеријата гледаат можност да скратат на трошоци...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.