Македонската кујна вкусна, ама ретко се служи во странство
Кристина Озимец

Експертите велат дека Македонија мора да ја искористи традиционалната кујна како инструмент за поголема промоција на земјата и развојот на туризмот
Нема странец што не бил воодушевен од македонската храна, но прехранбените производи и македонските ресторани слабо се присутни во странските земји, велат љубителите на добрата кујна. Директорот на средното угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев“, Зоран Николовски, кој заедно со учениците во Стопанската комора на Македонија ги промовираше македонските производи преку подготовка на традиционални европски јадења, вели дека Македонија има големи шанси за промоција на земјата преку кујната и тие придобивки мора да бидат искористени.
„Во западните земји има многу храна, но тие прават психолошки ефект, бидејќи на прв поглед таа е атрактивна со убава амбалажа, реклама и ниски цени, но немаат квалитет. Кога ќе се вкуси нашата кујна или зеленчукот доаѓа до израз квалитетот и затоа имаме извонредна шанса за пробивање на европскиот пазар“, смета Николовски...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.