Македонија и Србија конкуренти за хрватски инвестиции

Македонија може да се покаже како добар домаќин за квалитетни гринфилд-инвестиции од Хрватска, кои периодов главно се концентрираат во Србија
Македонија може да привлече повеќе хрватски инвестиции во наредниот период, бидејќи некои компании од Хрватска бараат локации за производни погони во странство од каде што ќе извезуваат без царина во регионот. Но, експертите нагласуваат дека Македонија треба да биде многу селективна и по секоја цена да не привлекува какви било странски инвеститори.
Според Антони Пешев, претседател на Собранието на Стопанската коморa на Македонија, сега е исклучително добра шанса Македонија, како традиционално добар трговски партнер со Хрватска, да се наметне како привлечна дестинација за гринфилд-инвестиции или заеднички вложувања...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.