(27.01) Искрена ли е Владата во притисокот врз Окта за поевтини горива?!

Експертите од областа на енергетиката коментираат дека има неколку начини како да се натера Окта да се согласи со промена на купопродажниот договор и на методологијата за цените на нафтените деривати за тие да бидат реални, но за тоа треба силна волја
Потребни се силна волја и сериозна државна политика за да се промени купопродажниот договор за Окта и да се промени методологијата за формирање на цените на нафтените деривати за тие да бидат реални.
Ова е ставот на експертите од областа на енергетиката, кои со години ги анализираат проблемите наметнати од монополскиот статус на Окта и од штетниот договор за продажба на рафинеријата, потпишан пред повеќе од една деценија.
Дали навистина Владата сега има намера да ја натера Окта да произведува поевтини горива, откако вицепремиерот Владимир Пешевски во име на Владата побара преговори со Окта? Експертите се децидни - решенија за промена на методологијата има! Додаваат и дека Анексот Д од купопродажниот договор за Окта, кој ја прецизира методологијата, досега неколку пати е променет по претходна согласност од Окта и од Владата...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.