ЗНМ: Оценката на „Репортери без граници“ е реална и загрижувачка!

Слободата на медиумите како прв приоритет во дијалогот меѓу Македонија и Европската унија и друштвото во кое се најде земјава - Либан, Доминиканската република и Израел во извештајот на „Репортери без граници“ за состојбата во медиумите зборува за сериозноста на проблемот и, за жал, претставува реална слика во која работат медиумските работници во земјава, констатира Здружението на новинари на Македонија.
Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, лошата оценка во извештајот на невладината организација која се залага за промоција и заштита на слободата на изразување, претставува и негативен сигнал за демократскиот капацитет на земјава.
„ЗНМ почна дијалог со владата, но очигледно е дека досегашните разговори со Владата не придонесуваат за подобрување на генерлната сликата. Бараме од Владата да преземе конкретни чекори во насока на подобрување на состојбата во медиумите“, истакна Селмани...
Целиот текст може да го прочитате во дневниот венсик "КАПТИАЛ" од 27 јануари 2012 година (петок).