Објавено 27 јануари 2012, 10:55, во Македонија
Share |
Print page

Димков: Немам став дали Стојменов и Ѕинго го кршат законот

Марија Севриева
Димков: Немам став дали Стојменов и Ѕинго го кршат законот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков, отвори дилема што сакаше да каже со изјавата дека Канал 5 и Сител (телевизиите чии сопственици се во роднински врски со пратеници од власта) прво постоеле како политички партии, па станале медиуми. Димков за „Капитал“ појаснува дека не мислел баш така

„Телевизиите Сител и Канал 5 прво постоеја како политички партии, па потоа се претворија во телевизии, а од А1 телевизија произлезе политичка партија што, всушност, е главната разлика меѓу нив“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков, на собраниската расправа за измените во Законот за радиодифузна дејност, но брзо се предомисли. Во изјава за „Капитал“ вели дека не го мислел тоа што го кажал, имал премалку време за да реплицира и направил ненамерна грешка.

„Немам став во однос на тоа што во владејачката партија има пратеници кои се сопственици на телевизии“, појаснува Димков. Изјавата на Димков и измените во Законот за радиодифузија со кои се предвидува зголемување на радиодифузната такса за МРТ и можноста за емитување реклами во „прајм-тајм“ ги отворија прашањата: кој е повеќе на страната на приватните телевизии, власта или опозицијата, и кога Советот за радиодифузија ќе почне да го спроведува членот 11 од Законот, според кој политичарите-јавни функционери и нивните семејства не смеат да бидат сопственици на медиуми? Опозицијата остро се спротивстави на измените, наведувајќи дека „бунарот без дно“ се финансира од Владата, од реклами, од радиодифузна такса, што директно ја нарушува конкуренцијата на приватните телевизии, кои се финансираат само од маркетинг. Покрај тоа, опозицијата во овој предлог на власта гледа обид за дополнително ставање под своја капа на јавниот радиодифузен сервис.

Од владејачкото мнозинство пак, сметаат дека решението е соодветно, бидејќи како што посочија дел од нив, со зголемување на финансиската сигурност ќе се зголеми и независноста на јавниот сервис и ќе се намали нејзината зависност од буџетските средства...

Целиот текст може да го прочитате дневниот весник "КАПИТАЛ" од 27 јануари 2012 година (петок).


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



ЉУПЧО ЗИКОВ - Поглед на денот ...

КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ