Малезискиот инвестициски фонд Казанах влезе во Аџибадем-Систина!

Преку турската групација Аџибадем, која поседува 50% од капиталот на клиничката болница Аџибадем-Систина, вториот по големина синџир на болници во светот влезе и во Македонија
Малезискиот инвестициски фонд Казанах го купи турскиот медицински бренд Аџибадем, кој е сопственик на 50% од капиталот на клиничката билница Аџибадем-Систина во Македонија. Според официјалните податоци на групацијата Абраам капитал, која се занимава со менаџирање на инвестиции, малезиски Казанах преку холдингот Integrated Healthcare (IHH) за 1,68 милијарди долари откупи 75% од акциите на Аџибадем.Тоа значи дека вториот по големина синџир на болници во светот по број на болнички кревети, развој и капитал, влезе и во Македонија.Според менаџментот во Аџибадем-Систина, влегувањето на Integrated Healthcare (IHH) во игра за Македонија ќе значи позиционирање на светската медицинска мапа.
„Со овој чекор, преку клиничката болница Аџибадем-Систина, Македонија се позиционира на светската медицинска мапа, рамо до рамо со врвните здравствени центри. Менаџментот на Аџибадем-Систина беше вклучен во делот од процесот кој беше поврзан со Македонија. Сметаме дека со влезот на новиот стратешки партнер во групацијата Аџибадем, развојните планови на нашата болница ќе се реализираат со побрзо темпо“, велат за „Капитал“ од Аџибадем-Систина...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.