Објавено 27 јануари 2012, 09:57, во Македонија
Share |
Print page

Чудно но вистинито

Во време кога европските лидери најавуваат рецесија во Европа, домашните компании се оптимисти за очекувањата за наредниот период. Според анкетата на Државниот зваод за статистика, компаниите пријавиле дека состојбата на новите компании во декември 2011 година, била поповолна во однос на претходниот месец.

Според Статистика, оценката за обезбеденоста на производството со порачки е на истото ниво како и претходниот месец, а обемот на производството бележи пад во споредба со претходниот месец. Очекувањата на компаниите за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработени.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 20,8%, недоволната домашна побарувачка со 17,4%, финансиските проблеми со 12,5% и неизвесното економско опкружување со 9,4%.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



ЉУПЧО ЗИКОВ - Поглед на денот ...

КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ