Интервју со Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ
Ако Груевски прогнозира пораз во Чикаго фер е да понуди алтернатива за Македонија

Почитувани читатели!
Тргнувајќи од потребата за размрдување на политичката сцена и барајќи одговори за суштински прашања за иднината на Македонија во 2012 година, како политичката така и економската, „Капитал“ почнува серија интервјуа со лидери на партии, политичари и интелектуалци од Македонија и од регионот! Целта е на јавноста да и претставиме јасни одговори на јасно и бескомпромисно поставени прашања! Во наредните недели никој важен за политичките процеси нема да остане поштеден од прашањата на „Капитал“...
Со лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Бранко Црвенковски разговаравме на почетокот на годината во која не очекува голем настан на надворешно-политички план, Самитот на НАТО во Чикаго каде Македонија се труди да добие покана за членство. Премиерот Никола Груевски демонстрираше песимизам по ова прашање, вели дека нашите аргументи за почитување на Пресудата од Хаг малку е веројатно да бидат доволни за членките на НАТО да застанат зад нас и покрај противењето на Грција. Капитал се интересира, како би играл главниот политички опонент на Груевски во овие моменти. Што е она што Црвенковски смета дека е неопходно да се стори?
Но, не само на оваа тема... Какви решенија нуди СДСМ за главните општествени проблеми? Капитал прашува – што и дали може СДСМ подобро?
Црвенковски вели - ако Груевски прогнозира неуспех во Чикаго, фер е да понуди алтернатива за иднината на земјата. Во интервјуто што ќе го објавиме во дневниот весник "Капитал" на 27 јануари 2012 година (петок), тој најавува дека ќе бараат предвремени избори, ако на локалните добијат поддршка од мнозинството. Во тие некои математики СДСМ ќе пресмета и дали и кога е најцелисходно да се објави влада во сенка. Црвенковски зборува и за пропуштените шанси на државата, клуните проблеми со корупцијата и криминалот, ги оценува економските политики и критикува за игнорантскиот однос на Владата кон кризата.
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.