Хрватска ќе води жестока борба за да го спаси извозот во Македонија
Ивана Колева

Хрватска ќе притиска за поповолен трговски однос со Македонија и по влезот во ЕУ, за што ќе започнат специјални преговори
Хрватските компании бараат од владата во Загреб да направи сè за и по влезот на земјата во ЕУ во јули 2013 година тие да не ги изгубат привилегиите за извоз на македонскиот пазар, дознава „Капитал“. Од хрватската амбасада во Скопје потврдуваат дека хрватските компании присутни во земјава редовно доставуваат забелешки и предлози за олеснување на нивното работење, кои подоцна амбасадата ги анализира и со предлози ги проследува до надлежните министерства за надворешни и европски работи во Хрватска.
Трговските односи меѓу Македонија и Хрватска од средината на идната година ќе се регулираат според Спогодбата за стабилизација и асоцијација на земјава со ЕУ, но сепак претходно ќе се водат преговори во кои Загреб ќе бара зачувување на привилегиите за извоз во Македонија. Се очекува преговарачките тимови на двете земји да водат жестока борба во Брисел, посебно за регулирањето на трговијата со земјоделски производи. За хрватските медиуми директорот на Бадел 1862, Срѓан Ореб, вели дека проблем може да биде договорот ЦЕФТА, кој престанува да важи по влезот на Хрватска во ЕУ...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.