Македонските инвеститори не гледаат подалеку од Балканот
Ивана Колева

Околу 72 милиони евра изнесуваат директните инвестиции на Македонија во странство во 2010 година, покажуваат последните податоци на Народната банка на Македонија, што е раст од 4,5% во споредба со 2009 година.
Дека директните инвестиции од Македонија кон странство имаат нагорен тренд покажува и фактот што во 2006 година македонските компании инвестирале надвор околу 30 милиони евра. Анализата на податоците покажува и дека околу 90% од вкупните инвестиции во странство се насочени само кон Србија, Русија, Бугарија, Полска и кон Грција. Само кај северниот сосед отишле над 60% од вкупните директни инвестиции остварени во 2010 година. Ваквата насоченост на компаниите да инвестираат во мал број пазари уште еднаш го истакнува проблемот со малата диверзификација на надворешно-трговските економски односи на Македонија.
Од извозната структура на земјава се гледа дека над третина од целокупниот македонски извоз е насочен кон земјите од Западен Балкан, но не и подалеку...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.