Дури 14 милиони евра за увоз на скапа струја за два месеци?!

Сушата го намали домашното производство на електрична енергија, па Електрани на Македонија ќе плати околу 14 милиони евра за струја, која најверојатно ќе ја плаќа по околу 120 евра за мегават
Дефицитарното домашно производство на струја Електрани на Македонија ќе го плаќа најверојатно со 35% поскап увоз во споредба со лани. Само за првите два месеци ЕЛЕМ набавува околу 116 гигават-часови, за што државната компанија најверојатно ќе плати околу 14 милиони евра. Отсуството на евтина струја произведена дома генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, го правда со сушата и со зголемената потрошувачка на електрична енергија.
Само лани ЕЛЕМ увезе 506 гигават-часови струја, односно 129 гигавати повеќе од планираното, за што плати 41 милион евра. Само за споредба, изградбата на хидроцентралата Бошков мост е проектирана на околу 80 милиони евра, а годишно треба да произведува околу 117 гигават-часови струја...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.