Објавено 26 јануари 2012, 16:04, во Македонија
Share |
Print page

И во криза најмногу се отвораат трговски фирми, иако најлесно пропаѓаат

Соња Јованова
И во криза најмногу се отвораат трговски фирми, иако најлесно пропаѓаат

Доколку се анализира профилот на компаниите кои се отвораат во Македонија, ќе се види дека сe уште најлесно е да се отвори фирма од областа на транспорт и складирање, автомеханичарски салони, градежништво и финансиски или консултантски услуги. Производството заостанува

Наместо производствени капацитети во Македонија сe уште најмногу се отвораат трговски фирми. Тоа го покажуваат и податоците од Централниот регистар за минатата година, кога биле отворени 8.665 фирми, од кои најмногу (29%) се со основна дејност поправка на моторни возила, а 13% се со услужна дејност. Но, лани најмногу се затворале исто така трговски фирми. Вкупно се затворени 4.166, а најголем број (40%) од нив се за поправка на возила. Доколку се анализира профилот на компаниите кои се отвораат во Македонија, ќе се види дека сe уште најлесно е да се отвори фирма од областа на транспорт и складирање, ресторани и градежнштво. Експертите објаснуваат дека во услови кога се заострени условите на банките за кредитирање, највозможна варијанта е отворање мал бизнис, а најлесен сектор е трговијата.

„Поголемото производство бара повеќе средства, маректинг-истражувања, барање пазари, а банките не даваат лесно кредити за почетниците. Светска практика е да се почнува бизнис со трговија, особено во услужни дејности и еве од практиката во Македонија, најатрактивна е автомобилската индустрија, иако не треба да се заборави дека за трговските фирми карактеристично е што во првите години дури 50% од нив се затвораат оти се ранливи, што значи сепак ни се потребни и такви капацитети кои ќе вработат, на пример, 1.000 луѓе“, вели универзитетскиот професор Марија Зарезанкова-Потевска...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • стручност во фирмите
    Објавено на 26.01.2012, од Агроном

    Да регистрираш земјоделска фирма е лесно, но да го добиеш основното средство за производство (ДРЖАВНА ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗЕМЈА ПОД ЗАКУП) е екстремно тешко. Како агроном често сум правел калкулации за висината на закупот според бонитетот на почвата и оние кои ќе понуделе повисока закупнина од реалната ја добивале земјата под закуп, но високата закупнина за некоја година ги уништуваше овие фирми, а оние со реално понудена закупнина не ја добиваат земјата и пак се уништени.
    според ова дојдов до заклучок дека главен критериум при добивањето на земјоделско земјиште под закуп треба да биде вработувањето на стручен кадар по единица површина, а понудената цена да биде од второстепено значење, поаѓајќи од фактот дека образованиот земјоделски инжинер ќе произведе повеќе производи по единица површина од необразованиот под услов двајцата да понудиле иста цена на закупот поуспешна ќе биде фирмата која има агроном.



КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



ЉУПЧО ЗИКОВ - Поглед на денот ...

КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ