(26.01) Нарачките од ЕУ паднаа за 2,7% - македонските компании го намалија производството

Од проблем на Меркел и Саркози, презадолженоста на европските земји прерасна во криза што ги мачи и менаџерите на компаниите. Во услови кога побарувачката од странство паѓа, македонските компании се принудени да го намалат производството
Од проблем на Меркел и Саркози, презадолженоста на европските земји прерасна во криза што ги мачи и менаџерите на компаниите. Најновите податоци на статистичкото биро Еуростат покажаа дека нарачките од Европа во ноември лани се намалиле за 2,7%, што е прв регистриран пад во последните две години. Најголем пад на нарачките има во земјите каде што се наоѓаат жариштата на кризата – од Португалија нарачките се намалени за дури 25%, од Грција за повеќе од 15%, од Германија, која важи за главен трговски партнер на Македонија, за 3%.
Сите коцки на сложувалката се местат така што крајниот изглед на сликата ќе покаже дека европската економија влегува во период на рецесија.
Во такви услови, кога побарувачката од странство паѓа, македонските компании се принудени да го намалат производството. Статистиката покажа остар пад на индустриското производство во ноември од 5,3%, а за првпат во 2011 година се намали и извозот. Најпогодени од новиот бран на кризата се металната, текстилната и рударската индустрија...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.