Власта „удира“ по Канал 5 и Сител?!

МРТ станува сe поголема конкуренција за приватните телевизии и затоа на опозицијата и сметаат измените на Законот за радиодифузија, обвинија пратениците на владејачката гарнитура на вчерашната собраниска седница за измените на Законот за радиодифузија. Опозицијата, пак, иронично забележа дека тие се согласуваат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, зашто поради „полнење на сметката на МРТ, Владата прави уништување на приватните и локалните телевизии“. Пратениците од парламентарното мнозинство сметаат дека измените ќе ја намалат зависноста на МРТВ од буџетските средства, а со зголемувањето на рекламниот простор ќе се зголемат атрактивноста и гледаноста.
„Опозицијата е нервозна и реагира жестоко зашто знае дека МРТ станува се поголема конкуренција за поголемиот дел од приватните телевизии“, смета пратеникот на ВМРО–ДПМНЕ, Трајче Димков. Според него, главен проблем за некои од пратениците во Собранието е и тоа што самите се или биле дел од медиумите. „Телевизиите Канал 5 и Сител постоеја прво како политички партии па потоа се претворија во телевизии, а од А1 од телевизија произлезе политичка партија, што всушност е главната разлика меѓу нив“, истакна Димков...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.