„Репортери без граници“: Африканските медиуми послободни од македонските

За цели 26 места во однос на слободата на медиумите паднала Македонија за една година, покажува најновиот извештај на „Репортери без граници“. Ако во 2010 година, сме биле рангирани на 68 место, во 2011 година сме позиционирани на 94.
Споредено, пак, со 2009 година кога сме биле на 34 место, Македонија за две години паднала за цели 60 места.
Слободата на македонските медиуми гравитира околу таа којашто се практикува и во Либан, Доминиканската република и Израел.
Зад нас од земјите во регионот, заостануваат само Албанија, која е на 96 место, и Црна Гора на 107 место, а Македонија заостана дури и зад Косово и Босна и Херцеговина...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.