Објавено 26 јануари 2012, 10:37, во Македонија
Share |
Print page

Зошто се одложува акционерското собрание на Тутунски комбинат?

Зошто се одложува акционерското собрание на Тутунски комбинат?

Раководството на Тутунскиот комбинат од Прилеп повторно не донесе одлука дали компанијата ќе оди под стечај или повторно нејзиниот долг ќе се претвори во влог на државата. Поради немање кворум, собранието на акционери на Тутунскиот комбинат од Прилеп вчера не се одржа, а со тоа судбината на долгогодишниот загубар во државна сопственост и понатаму останува неизвесна. Ова е второ одложување на донесувањето на одлуката за компанијата во рок од еден месец. Првиот пат беше по барање на државниот претставник.

Ако Владата одлучи да го спаси Тутунскиот комбинат со претворање на побарувањата од 30 милиони евра во влог, таа ќе стане целосен газда на комбинатот и ќе може да преговара за продажба. Второто сценарио е стечај, но таа опција никој не ја сака.

Најголем дел од обврските на Тутунскиот комбинат од Прилеп или околу 90% се кон државата. Иако компанијата правеше огромни загуби во изминатите години, таа постојано се толерира и се спасува од стечај преку отпис или конверзија на побарувањата на државата во влог.

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



ЉУПЧО ЗИКОВ - Поглед на денот ...

КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ