Објавено 26 јануари 2012, 09:00, во Македонија
Share |
Print page

Ми-Да моторс со стратешки партнер од Израел

Ми-Да моторс со стратешки партнер од Израел

Ми-Да моторс, импортерот на Форд за Македонија, го збогати своето име со Гранд, првото име на стратешкиот партнер Гранд аутомотив од Израел. Ми-Да гранд моторс наскоро на македонскиот пазар ќе донесе нови брендови, со кои ќе ги збогати понудата и портфолиото на компанијата.

„По повеќе од 25 години успешно работење, компанијата Ми-Да се соочи со предизвикот што го донесоа економските прилики во Македонија, па затоа решив да почнам едно ново поглавје во автомобилскиот бизнис со партнер од светско реноме. Очекувам да се развиваме не само во насока на проширување и зголемување на продажбата, туку и на воведување нови брендови на македонскиот пазар, кои се веќе присутни во компаниите во соседството што се во мрежата на Гранд моторс“, изјави Марјан Миновски, претседател, косопственик и член на УО на Ми-Да гранд моторс.

Гранд аутомотив е компанија со огромно искуство во автомобилската индустрија. Таа е дел од Тавура холдинг, една од најголемите бизнис-групации во Израел, која работи во многу сегменти: транспорт, автомобилизам, храна, мода, комуникации, козметика, тешка индустрија, со актива од над 35 милијарди долари.

„Засега ќе инвестираме само во автомобилизмот. Како што ќе се развиваме, верувам дека ќе инвестираме и во други бизниси, бидејќи веруваме во оваа држава“, изјави Гил Сегев, финансиски директор на Ми-Да гранд моторс и претставник на Гранд аутомотив. Гранд аутомотив на Балканот е претставен преку возилата „форд“, „мазда“, „волво“, „јагуар“ и „инфинити“.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 471
Магазин 643



ЉУПЧО ЗИКОВ - Поглед на денот ...

КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ