Интервју со Ваљон Сараќини, министер за економија: Енергетските проекти ми се најголем приоритет

Енергетиката останува еден од моите приоритети. Како еден од најголемите и најзначајните проекти од енергетски, државен и економски аспект, секако, e веќе споменатиот Чебрен и Галиште. Успешната реализација на овој проект ќе доведе до нето-ефект за пораст на БДП за 2%, вели министерот за економија, Ваљон Сараќини, објаснувајќи дека е нормално за реализација на толку големи проекти како Чебрен и Галиште да се чека подолг период
Неодамна бевте во посета во Истанбул. Која беше целта и има ли некои конкретни договори по посетата? Колку е Македонија интересна за турските компании и кои сектори имаат најголем потенцијал да привлечат турски инвестиции?
На покана на министерот за економија на Република Турција, Зафер Чаглајан, бев во дводневна посета на Република Турција. Со него разговаравме за инвестициските проекти и поволности, со цел анимирање на турските компании своите деловни планови да ги реализираат во Македонија. Ги претставив актуелните економски проекти, со посебен акцент на енергетските и на туристичките проекти, кои се дел од програмата на Владата на Република Македонија, како и реформите во бизнис-климата, кои ја прават земјата атрактивна за инвестирање. Од аспект на туризмот пак, на мојот турски колега му предложив креирање производ наменет само за турските туристи, под името „Посетете ја родната земја на Кемал Ататурк и видете седум чуда за седум дена“. Добив ветување од него дека многу брзо турските инвестиции ќе го достигнат нивото од 500 милиони американски долари.
За време на посетата на Истанбул се сретнав и со министерот за трговија и царина, Хајати Јазиџи, со кого разговаравме за продлабочување на трговската соработка меѓу двете земји, при што беше спомената подготвеноста на Турција за зголемување на трговската размена меѓу нашите две земји, која е планирана да достигне една милијарда долари...
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.