Објавено 25 јануари 2012, 15:00, во Македонија
Share |
Print page

(25.01) Како (да) штедат македонските компании во криза?

Игор Петровски
(25.01) Како (да) штедат македонските компании во криза?

Ако имате вишок килограми (преголеми расходи), може да ослабите (да скратите трошоци) со вежбање, со диета, овие две комбинирано или хируршко отстранување на масните наслаги. Компаниите само треба да внимаваат да не си ја “пресечат раката“ за да дојдат до посакуваната тежина, советуваат експертите

Истоштени од лошата ликвидност во економијата, загрозени од намалените нарачки од домашен пазар и од странство, предизвикани од финансиската криза, исплашени за опстанокот на своите компании, македонските бизнисмени периодов имаат еден “магичен“ термин на ум - кратење трошоци. Предизвик за сите менаџери е како да се направи оваа операција, а да не се наштети на компанијата. Интересна паралела за кратењето трошоци ми даде деновиве Васко Карангелески, сопственик на консултантската куќа КА груп, сертифициран менаџмент-консултант.

“Да ја споредиме компанијата со човечкиот организам. Ако некој има здраво и мускулесто тело, предизвик е како тоа и понатаму да се одржи во добра форма. Доколку има проблем, како вишок килограми, на пример, тоа масно ткиво може да се стопи со вежбање, со диета или пак, хируршки. За уште потешките проблеми, како тумор, неизбежно е нивно физичко остранување. Пресликано на ниво на компанија, тоа значи дека мора да знаете од каква природа е вашиот проблем за да преземете соодветна мерка, за да не ви се случи следново: поради намалување на прекумерната тежина (читај преголемо трошење), да си исечете рака (да укинете некој сектор, да отпуштите битни луѓе, едноставно, да скратите кај што не смеете) наместо да се ставите на диета или да вежбате. Затоа што и на едниот и на другиот начин ќе ја постигнете истата цел, доаѓање до посакуваната тежина, но каква ќе биде цената?“, забележува Карангелески.

Тој смета дека паралелно со стратегијата за намалување на трошоците треба да се форсира и стратегија за зголемување на приходите. Го наведува примерот на една компанија од рекламната индустрија која користела консултантски услуги од КА груп, а пред две години, поради намалениот пазар (фирмите почнаа да штедат на адвертајзинг), имала пад на приходите и барала реорганизација, во која влегувало и кратењето трошоци.

Билјана Киселички од консултантската куќа Кавета вели дека во нејзината досегашна работа со компаниите како најчести проблеми се истакнуваат менаџирањето со фиксните трошоци и залихите...

Целиот текст може да го прочитате тука.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ