Објавено 11 јануари 2012, 16:25, во Македонија
Share |
Print page Cover Story: Кризата ја враќа на сцена супституцијата на увозот!

(11.01) Државата да субвенционира домашно производство!

Маја Бајалска-Георгиевска
(11.01) Државата да субвенционира домашно производство!

Прехранбениот сектор е гранката со најголем потенцијал за супституирање на увозните производи, почнувајќи од некои суровини, како што се шеќерот и сончогледовото масло, за кои имаше големи капацитети, а сега се едни од најголемите увозни ставки, преку амбалажата за конзервната и кондиторската индустрија, до многу готови производи за кои има суровини, но недостига повисока технологија за добивање квалитетни и конкурентни производи!  

Во денешното време на таблет-менаџери кога ќе се спомене сентенцата „супституција на увозот“ многу од актуелните политичари и бизнисмени веднаш добиваат алергија. Веројатно затоа што на многу од нив оваа фраза им изгледа како досадна лекција од економската теорија, која имаше примена пред повеќе од 50 години во земјите на Латинска Америка, а потоа пред 30 години во социјалистичките земји од Источниот блок и поранешна Југославија.

Супституцијата на увозот е политика која протежира замена на увозните производи со домашно производство, кое со специјални мерки ќе го поттикнува државата. Но, во оваа капиталистичка ера на услуги, супституирање на увозот е тежок залак за голтање, особено во психата на моќното увозно лоби во земјава.Но, дали глобалната економска криза и нејзиниот втор удар за македонската економија, на сцена треба да го врати токму овој вид државен протекционизам? Да се поттикнува супституирање на увозот во секторите каде што влегуваат најголемите увозни ставки во трговската размена, кои лесно можат да се заменат со домашно производство?...

Целиот текст може да го прочитате тука.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ