Објавено 29 декември 2011, 15:44, во Технологии
Share |
Print page

„Епл“ ќе добива по 10 долари надомест за секој продаден апарат со вграден „Андроид“?!

„Епл“ ќе добива по 10 долари надомест за секој продаден апарат со вграден „Андроид“?!Американската информатичка компанија „Епл“ би можела да добие по 10 долари надомест за секој продаден апарат со инсталиран оперативен систем „Андроид“, смета Кевин Ривет, експерт за интелектуална сопственост во фирмата „3ЛП Адвајзорс“.

Според него, „Епл“ би можел да го добие овој надомест доколку ги напушти сите процеси што се во тек и преговара за лиценцни договори поврзани за патенти.Ривет во интервју за „Блумберг“ објасни дека „Епл“ би можел да има поголем интерес да преговара за лиценцни договори со производителите против кои веќе добил судски спорови, како што се пред се ХТЦ и „Самсунг“.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ