Објавено 19 октомври 2011, 16:21, во Технологии
Share |
Print page

„Самсунг“ претстави нов телефон, „Гугл“ нов оперативен систем

„Самсунг“ претстави нов телефон, „Гугл“ нов оперативен системСамсунг претстави нов телефон Галакси нексус, а Гугл нов оперативен систем Андроид 4.0. Се работи за смарт-мобилен телефон со екран од 4,65 инчи кој ќе ја содржи новата верзија на Андроид 4.0 или Ајскрим сендвич - ICS (Ice Cream Sandwich). Телефонот содржи двојадрен процесор од 1,2 Гигахерци, гигабајт меморија и батерија со капацитет од 1.750 mAh (милиамперчасови).

Произведен е во верзија од 16 и 32 ГБ и има пристап до бежични врски како што се Блутут 3.0 и ВајФај 802.11. Во телефонот има вградено два објектива за снимање - на задниот дел 5МП со лед флеш со снимање од 1.080 пиксли, а на предниот од 1,3 МП со можност за видеоконференција. Галакси нексус треба да се појави на пазарот во ноември, но цената не е објавена.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ