Нето добивката на Волмарт падна за 15%
Волмарт, најголемиот светски малопродажен ланец, во четвртиот квартал од минатата фискална година која заврши во јануари, оствари добивка полоша од очекувањата на аналитичарите, најмногу заради ниските цени кои им наштетија на маржите.
Нето добивката на трговскиот ланец падна за 15%, на 5,1 милијарда долари или 1,5 долари по акција, од 6,06 милијарди од претходната година, стои во соопштението на компанијата. Малпродажниот ланец настојува да ги задржи ниските цени, бидејќи нивните купувачи се со ниски примања и се соочуваат со невработеност.