Објавено 22 февруари 2012, 12:25, во Свет
Share |
Print page

Цената на пченицата расте на светскиот пазар

Цените на пченицата на берзата во Париз по завршувањето на вчерашното рабоење се зголемија трет пат по ред под влијание на стравувањата дека неповолните временски прилики во Украина ќе резултираат со низок род и ќе го принудат Киев да го намали извозот.

Пченицата за испорака во мај на 20 февруари поскапе за 0,8 % на 211,5 евра за тон.Во електронското тргување денеска цените се стабилизираа на вчера оствареното ниво. Украинските весници објавуваат дека Владата им препорачала на трговците со жито да го ограничат извозот на пченица во тековната земјоделска сезона, која завршува на 30 јуни.

Препораките повторно ќе се разгледаат кон средината на април, кога ќе биде појасна ситуацијата со родот на пченицата. Американското Министерство за земјоделство минатата недела ја намали прогнозата за извоз на пченица од Украина во 2011-2012 земјоделска година на шест милиони тони од претходно очекуваните седум милиони.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија