Објавено 22 февруари 2012, 08:52, во Свет
Share |
Print page

Глобалното производство на челик намалено за 7,8 %

Глобалното производство на челик во текот на минатиот месец е намалемо за 7,8 % на годишно ниво, а само во Кина, која е најголем светски производител на челик, е регистриран пад од околу 13 %.Како што соопшти Светското здружение за челик, причина за намаленото производство е падот на побарувачката во индустрискиот сектор, предизвикана од несигурните перспективи на глобалниот економски развој.

Во јануари 2012 година ширум светот вкуно се произведени 117 милиони тони челик, што претставува пад од 7,8 % во однос на истиот месец лани. Во првиот месец од оваа година во Кина се произведени вкупно 52,1 милиони тони челик, додека во вториот по големина производител на овој репрометеријал во светот Јапонија, се проиведени 8,6 милиони тони, што претставува намалување на годишно ниво од 10,6 %.

Експертите за челик и железо лани предвидуваа значително зголемување на побарувачката на челик во текот на оваа година, но ваквите прогнози засега не се остваруваат. Причина за ова е фактот што побарувачката во некои индустриски гранки е релативно слаба, смета аналитичарот Колин Хамилтон.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија