Објавено 21 февруари 2012, 16:25, во Свет
Share |
Print page

Епл победи во спорот со ХТЦ

Меѓународната трговска комисија донесе одлука во полза на информатичкиот гиган „Епл“ во спорот со тајванската компанија ХТЦ, која ја обвини американската корпорација за кршење на правата на интелектуална сопственост за пет нејзини патенти поврзани со начинот на бирање на телефонските броеви и со батериите вградени во мобилните апарати.

Спорот започна пред две години кога ХТЦ побара судска забрана за продажба на телефоните „ајфон“ на „Епл“ на целата територија на САД. Подцна тужбата беше проширена и со забрана за продажба на таблет уредот „ајпед“, како и на одредени модели на плеерот „ајпод“.ХТЦ е еден од водечките производители на „смартфони“ во светот, кои го користат оперативниот систем „Андроид“ на „Гугл“.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија