Ирак го намали извозот на нафта
Извозот на нафта од Ирак се намали во јануари, но приходите од продажбата на нафта се зголемија, поради повисоката цена по барел, соопшти Министерството за енергетика во Багдад.
Во соопштението се наведува дека Ирак во јануари извезла 65,3 милиони барели сурова нафта, во однос на 66,5 милиони од претходниот месец, додека приходите од продажбата на нафта во јануари изнесувале 7,123 милијарди долари, што е повеќе од декемвриските 7,061 милијарда.