Рекорден трговски дефицит во Јапонија
Јапонскиот трговски дефицит забележа нов рекорд во јануари бидејќи поради минатогодишната нуклеарна катастрофа дојде до раст на увоз на горивото, додека извозот беше погоден од силниот јен и падот на побарувачката во Европа.
Трговскиот дефицит во јануари изнесуваше 1,475 милијарди јени (18,5 милијарди долари) што е највисоко ниво од 1979 година, соопшти јапонското министерство за финансии.