Медведев: Време е за промена на политичкиот систем
Претседателот на Русија Дмитриј Медведев изјави по состанокот со лидери на нерегистрирани политички партии дека е подготвен да разгледа нивни мислења и сугестии и да смета на нивна поддршка за либерализација на политичкиот систем.
Нашиот политички систем е далеку од совршен и најголем дел од учесниците го критикуваа, понекогаш и многу жестоко. Истовремено, за да го промениме добро е да се потпреме на општи предлози, изјави Медведев.
Тој рече дека „сега е време“ за активна промена на системот кој делумно е реформиран во изминатите четири години. Медведев нагласи дека минатата недела имал состанок со претставници на регистрирани партии со кои исто така разговарал за реформите на политичкиот систем истакнувајќи дека е „далеку од тоа дека системот го одобруваат сите партии“.