Цената на нафтата на највисоко ниво во последните девет месеци
Цените на нафтата на азиските берзи денеска се доближи до 105 долари за барел, што претставува највисока вредност на енергенсот во последните девет месеци. Американската лесна нафта за испорака во март во електронските тргувања пред отворањето на Њујоршката стоковна берза поскапе за околу 1,5 долари на 104,74 долари за барел. Оваа нафта во еден момент чинеше и 105,21 долари за барел, што е нејзина највисока цена од мај 2011 година, но подоцна поeвтини и се стабилизира на под 105 долари за барел.
Во исто време, на Берзата во Лондон цената на европскиот „брент“ од Северното Море се зголеми за 1,43 долари на 121,01 долари за барел.Растот на цените на нафтата се должи на вчерашната најава на Иран за запирање на испораката на енергенсот за британските и француските компании, како одговор на одлуката на ЕУ за воведување санкции за увоз на иранска нафта, што би требале да се применуваат од 1 јули.