Објавено 20 февруари 2012, 16:29, во Свет
Share |
Print page

Тата мотори со раст на профитот благодарение на Јагуар и Ленд ровер

Индиската групација Тата мотори, регистрираше раст на профитот во третото тримесечие од минатата година, благодарение на продажбата на британската филијала Јагуар и Ленд Ровер. Приватната компанија Тата мотори соопшти за нето приход зголемен за 41 % во тој период на рекордни 34,1 милијарди рупии (692 милиони долари).

Претходната година профитот на Тата мотори изнесуваше 24,2 милијарди рупии. Профитот е пред се поради испораки на Јагуар и Ленд ровер воглавно на пазари со забрзан раст.Групацијата соопшти дека продажбата на ЈЛР за девет месеци до декември лани е зголемена за 22 % на околу 217 илјади автомобили.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија