Кина станува најголем светски пазар на злато
Кина оваа година може да стане најголем светски пазар на злато, бидејќи во таа земја е забележан раст на побарувачката на овој скапоцен метал, соопшти Светскиот совет за злато.Количината на купеното злато во Кина се зголемила за 20 % во 2011 година во однос на претходната година на 770 тони, се наведува во годишниот извештај на Светскиот совет.
Со тоа Кина се искачи на второто место, веднаш по Индија, која купила 933 тони злато.Растот на приходите во Кина, која е втора најголема светска економија, резултираше со зголемување на побарувачката на златниот накит и други луксузни предмети.
Побарувачката на злато како инвестиција во форма на прачки и монети, како и за употеба во електрониката исто така бележи раст во Кина.Во извештајот се додава дека постои можност Кина за прв пат во 2012 година да стане најголемиот светски пазар на злато.Цените на златото остварија рекорден номинален максимум од 1.891,90 долари за унца во август минатата година, иако оттогаш бележат пад.