„Стандадр и Пурс“ го задржа постојниот рејтинг на Јапонија, но даде негативни прогнози
Меѓународната агенција за определување на кредитните рејтинзи реши да го задржи сегашниот рејтинг на Јапонија на ниво „АА минус“, но даде негативна прогноза за идната перспектива на јапонската економија.
Според „Стандрд и Пурс“, Јапонија во следниот период ќе се соочи со проблеми во спроведувањето на мерките за намалување на својот буџетски дефицит.
Структурните проблеми, како што се намалувањето на номиналната вредност на бруто домашниот производ, како и зголемената социјална несигурност, ќе влијаат врз способноста на Јапонија да го намали својот буџетски дефицит, смета „Стандард и Пурс“.
Експертите предвидууваат дека до фискалната 2015 година јапонскиот буџетски дефицит би можел да порасне на 122,53 милијарди долари.