Џенерал Моторс со рекордна добивка во 2011
Американскиот автомобилски гигант Џенерал Моторс (ГМ) оствари рекорда добивка во 2011 година, но и огромни загуби на европскиот пазар. Компанијата минатата година оствари добивка од 7,6 милијарди долари, што е за 62% повеќе од 2010 година.
На европскиот пазар компанијата оствари загуба од 700 милиони долари, како и загуба од 100 милиони долари во Јужна Америка. Минатата година компанијата продаде повеќе од девет милиони возила, 7,6% повеќе од 2010 година.
ГМ пред само две години балансираше на работ на стечај, кога беше спасена од американската влада.