Предизборните ветувања на Путин чинат 130 милијарди евра
Предизборните ветувања на Владимир Путин, кој се смета за фаворит на претседателските избори, што ќе се одржат на 4 март, Русија ќе ја чинат 127 милијарди евра, покажува истражувањето на Сбербанк, објавено од весникот „Ведомости“.
Путин, кој ќе се бори за трет мандат во Кремљ, по двата во периодот од 2000 до 2008 година и се соочува со досега невидени масовни протести, вети зголемување на платите за 200 % за професорите и лекарите, значително зголемување на студентските стипендии и на пензиите до крајот на неговиот мандат.
Според центарот за макроекономски истражувања на Сбербанк зголемувањето на платите на професорите и лекарите ќе чини 89 милијарди евра од буџетот. Јулија Цеплјаева, економист во банката БНП Париба изјави дека Русија може да има годишен буџетски дефицит од три проценти од Бруто домашниот производ, што ќе ја принуди да го зголеми државниот долг или да ги зголеми даноците.