Објавено 17 февруари 2012, 12:09, во Свет
Share |
Print page

Епл го доби спорот против Моторола во случајот „slide-to-unlock“

Компанијата Епл го доби судскиот спор против компанијата Моторола во врска со патентот „slide-to-unlock“, можност за отклучување на мобилниот телефон. Ова е првпат компанијата Епл да добие спор против Моторола во било кој дел од светот во врска со некој патент.

Советникот за патенти Флориан Милер изјави дека оваа пресуда би можела да влијае на споровите ширум светот во врска со патенти, во кои се вклучени производители на уреди со оперативниот систем Андроид. Официјалните претставници на компанијата Моторола најавија жалба, истакнувајќи дека пресудата нема да има влијание на снабдувањето и продажбата во иднина.

Пресудата во Минхен се однесува на софтверските можности, а тоа е заклучување на мобилниот. Неколку видови на уреди со оваа опција се продадени во Германија. Компанијата Моторола го имплементирала новиот дизајн за оваа можност, така што пречки во набавката и продажбата нема да има, изјави портпарол на компанијата Моторола.

Од Епл не ја коментираа одлуката на судот. Компанијата Гугл е во процес на купување на Моторола, Поголемиот број уреди на Моторола го користат оперативниот систем на Гугл - Андроид, кој воедно е и најголем конкурент на Епл.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија