Објавено 16 февруари 2012, 14:19, во Свет
Share |
Print page

Зелик заминува од функцијата во јуни

Претседателот на Светската банка Роберт Зелик денеска изјави дека ќе ја напушти функцијата на 30 јуни, кога му истекува петгодишниот мандат.

Зелик за одлуката го известил и бордот на извршни директори на Светската банка.Банката сега е силна, здрава и добро позиционирана за нови предизвици и природно е да продолжам понатаму и да го поддржам новото раководство, истакна Зелик.

Тој на чело на СБ дојде во јули 2007 година, а претходно беше заменик на американскиот државен секретар во 2005 и 2006 година.Се уште не е познато кој ќе го замени Зелик, иако традиционално на чело на СБ е Американец.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија