Објавено 16 февруари 2012, 12:10, во Свет
Share |
Print page

Кинескиот потпретседател најави нов почеток во кинеско-американските односи

Кинескиот потпретседател Кси Џинпинг изјави денеска пред бизнисмени во Вашингтон дека е време за историски нов почеток во односите меѓу Кина и САД. Кина ја поздравува позитивната улога на САД во Азиско-тихоокеанскиот регион, но двете најголеми економии во светот треба да се почитуваат взаемно за клучни интереси, изјави кинескиот потпретседател.

Во говор по средбите со претседателот Барак Обама и други високи претставници, Кси ги повика САД да ги отфрлат обидите на Тајван и Тибет да добијат поддршка за стремежите за независност. Светот денеска е пред длабоки промени и Кина и САД се соочени со заеднички предизвици и заеднички одговорности на меѓународен план, наведе Кси.

Треба да продолжиме да користиме билатерални и мултилатерални механизми за постигнување согласност меѓу САД и Кина за проблемите како развојот на ситуацијата на Корејскиот полуостров и иранското нуклеарно прашање, додаде тој.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија