Објавено 15 февруари 2012, 16:32, во Свет
Share |
Print page

Иранското Министерство за нафта демантира дека е запрен извозот на нафта за шест земји од ЕУ

Иранското Министерство за нафта го демантираше соопштението на државната телевизија дека земјата е стопиран извозот на нафта за шест земји од Европската унија како одговор на нафтеното ембарго, воведено од ЕУЈа демантираме таквата информација.

Ако беше донесена таква одлука, таа ќе беше соопштена од Високиот совет за национална безбедност на Иран, истакна портпаролот на Министерство за нафта. Иранската државна телевизија претходно јави дека Исламската Република го запре извозот на нафта за Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Холандија и Грција.

Европската унија донесе одлука да запре со увоз на нафта од Иран на 1 јули, поради неговата нуклеарна програма, која според Западот, има воени цели. ЕУ увезува околу 20 проценти од вкупниот нафта што ја извезува Иран. Главни купувачи на иранската нафта меѓу европските земји се Италија, Шпанија и Грција.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија