Објавено 14 февруари 2012, 14:19, во Свет
Share |
Print page

Владата на САД го одобри спојувањето на Гугл и Моторола

Владата на САД ја одобри зделката вредна 12,5 милијарди долари за спојување на корпорацијата Гугл и компанијата Моторола. Информацијата беше соопштена само неколку часа откако Европската унија, исто така, даде согласност, пренесоа американските медиуми.

Гугл се уште има потреба од одобрението на зделката од страна на Кина, Тајван и Израел.Министерството за правда на САД заклучи дека спојувањето нема да доведе до значително намалување на конкуренцијата или сериозно да ја измени сегашната динамика на пазарот. Пред ова, антимонополскиот регулаторен орган на ЕУ, исто така, даде зелено светло Гугл да ја купи Моторола Мобилити, која е специјализирана за производството на мобилни телефони и аксесоари.

Гугл смета на 17.000-те телекомуникациски патенти на Моторола како на сериозно оружје во битката со Епл, Мајкрософт и другите конкуренти за повеќе контрола на пазарот за смартфони, таблети и други мобилни апарати, посочуваат американските медиуми.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија