Објавено 14 февруари 2012, 08:57, во Свет
Share |
Print page

Акциите на Епл надминаа 500 долари

Цената на акциите на американскиот производител на популарни телефони, таблети и сметачи „Епл“ за прв пат во историјата ја надмина границата од 500 долари и сега е најскапата фирма во светот.
Акциите на „Епл“ вчера се засилија за 1,5 % на 500,60 долари.

Актуелниот раст на акциите на оваа фирма почна пред две недели кога резултатите од работењето во првото тримесечје од финансиската 2011/2012 година позитивно го изненадија пазарот, пренесуваат американските медиуми.

Податоците за тримесечниот период од октомври до декември 2011 година „Епл“ ги објави на 24 јанаури. Чистиот профит на компанијата е зголемен за 118 % на годишно ниво, на 13,06 милијарди долари, а прометот е поголем за 73 % и достигна 46,3 милијарди долари.

„Епл“ од минатата лето постојано се менува на тронот на највредни светски фирми со нафтениот концерн „Ексон мобајл“.

По последниот раст на акциите, берзанска вредност на „Епл“ изнесува 400 милијарди долари. Само како споредба, берзанската вредност на „Мајкрософт“ изнесува 258 милијарди долари, на Гугл 199 милијарди долари.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија