Цената на нафтата ќе остане под нивото од 115 долари
Се очекува до средината на оваа година цената на суровата нафта да го одржи нивото меѓу 100 и 115 долари за барел, освен во случај да дојде до „изненадување или геополитички промени“, изјави денеска кувајтскиот министер за нафта Мохамед ал-Басари.
Тој смета дека пазарот на нафтата моментално е избалансиран и дека цената на „течното злато“ им одговара и на потрошувачите и на производителите.Министерот исто така изнесе податок дека „кувајтското производство главно стагнира на ниво од околу три милиони барели дневно“.
Членот на управниот одбор на кувајтската нафтена компанија „Кувајт петролем корпорејшн“ Али ал-Хаџери утринава изјави дека цената на овој енергенс би можела да се зголеми на дури 160 долари за барел доколку тензиите околу ембаргото за извоз на иранска нафта не се намалат или ако дојде до конфликт, но додаде и дека тоа ниво сепак не би се одржало на подолг период.