Објавено 06 февруари 2012, 16:33, во Свет
Share |
Print page

Делоит: Раст на продажбата на таблет компјутери

Раст на продажбата на „таблет“ уреди, замена на класичните хард дискови и флеш мемории, демократизација на телевизискиот прием (гледање програми преку мобилни апарати), раст на продажбата на смартфони поевтини од 100 долари и крај на неограничениот интернет се дел од големите трендови кои ги наведува истражувачката фирма „Делоит“.

Во овогодинешното предвидување на светската ситуација во областа на технологијата, медиумите и телекомуникациите, „Делоит“ меѓу другото го истакнува големиот успех на продажба на мулитмедијалните таблет уреди, така што во 2012 година ќе бидат продадени околу пет милиони таблети во светот.Се предвидува и продажба на пола милијарди парчиња смартфони поевтини од 100 долари.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија