Објавено 06 февруари 2012, 14:26, во Свет
Share |
Print page

Пад на цените на нафтата на светските берзи

Нафтата денеска поевтини на светските берзи и покрај позитивните показатели кои укажуваат на раст на американската економија.На електронските тргувања пред отварањето на Њујоршката берза, американската лесна нафта за испорака во март поевтини за 39 центи на 97,45 долари за барел.

 Денешниот пад на цената на американската лесна нафта следуваше отако во петокот таа се зголеми за 1,48 долари за барел.Во исто време, на берзаата во Лондон европскиот „брент“ од Северното Море поевтини за 10 центи на 114,51 долари за барел.Наспроти охрабрувачките податоци дека американската економија зајакнува побрзо од првобитно предвидуваното, стравувањето дека должничката криза во еврозоната може да ја намали глобалната потрошувачка на енергенси, го ограничува поскапувањето на нафтата.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија