Епл контролира три четвртини од пазарот на мобилни телефони
Компанијата „Епл“ (Apple) во четвртиот квартл од 2011 година обезбеди околу 75 % од вкупниот профит во светската индустрија на мобилни телефони, иако во тој период на пазорот лансира само девет отсто од апаратите, се наведува во истражувањето на аналитичката компанија „Асимо“ (Asymo).
Таквиот успех на „Епл“ се должи на популарноста на смартфонот „ајфон“ кој се продава со многу поголема маржа од телефоните и смартфоните.Во последниот квартл од 2011 година компанијата остварила нов рекорд продавајќи поовеќе од 37 милиони „ајфони“, што доведе од лидерската позиција меѓу производителите на смартфони.
Од појавата на „ајфон“ првата генерација во 2007 година, американската компанија пласирала повеќе од 183 милиони апарати.Најголемиот конкурент на „Епл“, јужнокорејскиот производител „Самсунг“ во профитот на пазарот на мобилни телефони учествуваше само со 16 %. На тој начин, 91 % од заработката од продажба на телефони во светот остваруваат само двете компании.
Финската компанија „Нокиа“ која во 2007 година оствари околу 60 % од заработката во индустријата на мобилни телефони, само за четири години дојде до радикални промени. Иако „Нокиа“ останува еден од најголемите производители на телефони, во вкупната заработка на пазарот во четвртиот квартл учествуваше со 1,8 %.Според податоци на аналитичката компанија ИДЦ, во последните три месеци од 2011 година производителите на пазарот лансирале 427,4 милиони мобилни телефони и смартфони.