Рударските гиганти Glencore и Xstrata се спојуваат
Двете најголеми компании на светот кои се занимаваат со ископување и продажба на суровини, Glencore и Xstrata, се во преговори за спојување. Тие заедно би создале рударски гигант вреден 80 милијарди долари, кој би ги снабдувал производителите на автомобили и енергетските компании, пишува Волстрит Журнал.
Доколку тие се спојат, оваа комбинација ќе биде единствена во индустријата, бидејќи ќе се поврзат рударски гигант (Xstrata) и трговец со суровини (Glencore). Околу 70% од производството на Xstrata е јаглен и бакар, додека Glencore, иако се занимава со рударство, поголем дел од заработката ја прави преку продажба на суровини, од никел до шеќер и нафта.