Кина ќе го спасува еврото?!
Премиерот на Кина, Вен Џибао на денешната средба со германскиот канцелар Ангела Меркел во Пекинг истакна дека негоавата земја е подготвена за поголемо ангажирање за спас на евро.Тој наведе дека Кина размислува за своето дејствување за надминување на кризата со еврото и дека е подготвена да се заложи за стабилност, но одби да даде поконкретни ветувања туку побара од Европејците да ги зголемат напорите за реформи.
Решение на должничката криза во Европа е нужно бидејќи континентот за Кина е од стратешко значење. Европа мора да ги намали долговите и да спроведе структурни реформи. Пред се е важно повторно да дојде до динамичен економски раст во земјите-членки на еврозоната, истакна Вен.
Меркел апелираше за потесна меѓународна соработка за надминување на финансиската криза.Таа побара од Пекинг да изврши и притисок врз Иран поради нуклеарната програма.Кина за германската економија, по САД и пазарот на Европската унија, е најважен надворешнотрговски партнер.