Објавено 03 февруари 2012, 08:59, во Свет
Share |
Print page

„Њујоршката берза Еуронекст“ и „Дојче берза“ ја откажаа интеграција

„Дојче берза“ и „Њујоршката берза Еуронекст“ (NYSE Eutonekst) ја откажаа својата мега интеграција откако регуларторите од Европската унија вчера стави вето на таквиот договор. „Њујоршката берза Еуронекст“ денеска соопшти дека двете компании поради одлуката на Европската комисија да го блокира предложениот договор за интеграција, се договорија заеднички да се откажат од интеграција, што беше потпишана на 15 февруари 2011 година.

Во вчерашното соопштение на ЕК се наведува дека со здружувањето на двата берзански оператори би се загрозила конкурентноста на новите компании на тоа поле. Здружувањето на „Њујоршката берза Еуронекст“ и „Дојче берза“ би резултирало со речиси монополска позицијата на пазарот за финански деривати. Пазарот на акции ја сочиннува самата срж на финансискиот систем, па затоа е од клучна важност за целата европска економија да таа остане конкурентна. Се обидовме да најдеме решение за тој проблем, но ништо од тоа што смисливме не придонесе да исчезне загриженоста за можниот монопол, истакна европскиот комесар за конкурентност Хоакин Алмунија.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија