Објавено 03 февруари 2012, 14:25, во Свет
Share |
Print page

Газпром максимално ги зголеми испораките на гас во Европа

Компанијата Газпром во услови на сурова зима во Русија и Европа ги зголеми испораките на гас до максимални можности, не само во европските земји туку и во членките на Заедницата на Независни Држави, пред се во Белорусија и Украина, изјави во Москва потпретседателот на управата на Газпром, Александар Медведев.

Медведев, кој е извршен директор на Газпром експорт, реагирајќи на медиумските извештаи за наводно значително намалување на испораките на руски гас во Европа, истакна дека сегашниот обем на испораките на Газпром во Европа е еднаков на количество од 180 милијарди метри кубни гас годишно, во споредба со 150 милијарди метри кубни испорачани минатата година, се наведува во соопштението на руската компанија.

Истовремено ги зголемивме испораките на гас од нашите подземни резерви, кои за Европа, на пример, оваа недела се зголемени за речиси четирипати, нагласи Медведев.Во меѓувреме, Укрина, која ги контролира гасоводите за транзит на гас во Европа, презема дневно количество, кое е еквивалентно на обемот од 60 милијарди метри кубни годишно, што значително го надминува договореното количество.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија